Сандра Булок се враќа во Нетфликс

69

Сандра Булок наскоро се враќа во Нетфликс. По успехот на филмот „Кутија за птици“, глумицата се пријави за улогата во адаптацијата на играниот филм „Непростливо“, заснован на британскиот троделен серијал, кој се емитуваше во 2009 година. Режисерот и сценарист на филмот „Невозможна мисија“, Кристофер Мекквери, го напиша сценариото, а германската филмска продуцентка Нора Фингшеид, овој пат ќе работи на режијата.

– Овој проект ми е близок и со задоволство работам на неговата реализација – напиша Мекквери на Твитер, додавајќи оти му е чест што знае дека филмот е во добри раце.
Тој вели дека ја напишал првата скица за „Непростливо“ пред десетина години.
Филмот се фокусира на една бивша затвореничка што се обидува да си го обнови животот по напуштањето на затворот. Таа се соочува со луѓе што не ѝ даваат да напредува.