Само 13 жени меѓу 100-те уметници со највредни дела на аукциите

500

Меѓу 100-те уметници чии дела достигнаа највисока вредност на аукциите во текот на 2017 година има само 13 жени, покажуваат податоците на информациониот сервис за аукции „Мјучуал арт“.

Највисока цена постигнале делата на јапонската уметница Јајои Кусама – 65,6 милиони долари и таа се наоѓа на 13-то место на листата од стоте најпродавани уметници.

Исто така 89-годишната Кусама е единствената жива жена меѓу првите 50 на листата.

Таа е позната по своите слики и инсталации во кои употребува точки и важи за претходник на поп артот.

По Кусама следат делата на Луиза Буржоа со 36,8 милиони долари, Џоан Мичел со 30,5 милиони долари и Агнес Мартин со 26,3 милиони долари.