САД го избираат својот 46-ти претседател

413

Американските гласачи на 3 ноември 2020 година ќе излезат на гласачките места за да одлучат кој ќе стане следниот претседател на САД.
Како шеф на Владата на САД, претседателот е несомнено најмоќниот владин функционер во светот. Тој се избира за мандат од четири години преку системот на изборен колегиум на САД. Од усвојувањето на 22-от амандман во 1951 година, претседателството е ограничено најмногу на два мандата.
Четириесет и петтиот претседател, Доналд Трамп, се обидува да го продолжи своето претседателствување до вториот мандат, додека Џо Бајден, поранешен потпретседател во времето на Барак Обама, сака да стане 46-от американски претседател.