Руски доктор: Ова е проба за биолошка војна

1166

Ситуацијата со ширењето на коронавирусот во светот е тест за биолошка војна, која ќе покаже колку добро е подготвен светскиот здравствен систем за слични предизвици, смета претседателот на медицинската унија Национална комора на медицината, д-р Леонид Рошал.

– Оваа сегашна состојба е, всушност, тест за биолошко војување. Во моментов, станува збор само за вирусот, но не и за нуклеарна војна или тероризам. Прашањето е колку е подготвен светскиот здравствен систем за сево ова и колку ние сме подготвени за тоа. Мора да бидеме доволно разумни – изјави Рошал за телевизискиот канал Русија 24.
Според него, поради ширењето на коронавирусот, сега станува јасно дека намалувањето на местата во болниците, намалувањето на медицинскиот персонал и оптимизирањето од оваа гледна точка не се добро решение.

– Ние мора да сториме сè, во секој регион за да имаме доволно медицинска заштита и дадената помош да биде целосна, навремена и соодветна. Не е проблем кога пациент ќе биде доведен во Москва во случај на несреќа. Но што правиме ако Москва не е подготвена? Затоа, неопходно е да се подобри општата состојба во здравството – истакнува рускиот доктор.