Рускиот амбасадор Шчербак ја прослави победата на националниот тим на отворањето на СП

504
фото Игор Бансколиев

Заедничко следење на воведниот натпревар од Светското првенство во фудбал во Русија, меѓу домаќинот и Саудиска Арабија, организираше попладнево во хотелот Русија рускиот амбасадор Олег Шчербак.

Тој им се заблагодари на гостите што дојдоа заеднички да ја бодрат руската репрезентација.

– Со сето мое срце ја поддржувам руската репрезентација и ѝ посакувам голем успех – порача амбасадорот Шчербак.

Инаку, во воведниот натпревар, Русија убедливо славеше против Саудиска Арабија со 5:0.