„Ролинг стоунс“ го реиздава албумот „Let It Bleed“

33

Британските рок-легенди „Ролингстоунси“ по повод 50-годишнината од првото издание на славниот албум „Let It Bleed“ ќе објават раскошно реиздание, преработено во моно и стереоверзија со 7-инчен сингл, постер и книга, пренесува Ен-ем-и.

Делукс-изданието ќе биде достапно од 1 ноември на два винила или двоен хибрид-супераудио ЦД-сет.

Колекцијата содржи и нова верзија на синглот од 1969 година „Honky Tonk Women/You Can’t Always Get What You Want“, три литографии, голем постер од оригиналниот пакет и книга во тврд повез од 80 страници, која содржи есеј на новинарот Дејвид Фрик и необјавени фотографии од Итан Расел.

Обновената стереоверзија ќе биде достапна и одделно на ЦД, винил и дигитално.