„Рок ди опера“ во април во Македонската филхармонија

57

Најголемите рок-хитови на 12 април ќе одекнат во Македонската филхармонија. Овој вонсериски настан, своевиден двочасовен музички времеплов, го организира продукцијата „Прагма“.

Публиката ќе може да ужива во песните на култните рок-групи „Пинк флојд“, „Дип парпл“, „Квин“, „Лед цепелин“ и „Ју ту“, кои ќе добијат една нова димензија со изведбата на музичарите на Македонската филхармонија. Меѓу другите легендарни теми ќе ги слушнеме: „Shine On You Crazy Diamond“, „Comfortably Numb“, „Echoes“, „Another Brick In The Wall“, „Highway Star“,„Fireball“, „Smoke On The Water“, „When A Blind Man Cries“,„The Show Must Go On“, „We Are The Champions“, „A Kind Of Magic“, „Stairway To Heaven“, „Kashmir“, „With Or Without You“ и „Where The Streets Have No Name“.