„Рокет Лаб“ овој месец ќе ја лансира првата комерцијална ракета

129

Американската вселенска компанија Рокет Лаб објави денеска дека овој месец ќе ја лансира првата комерцијална ракета долга 17 метри од лансирна станица на новозеландскиот Северен остров.

Погонот на полуостровот Махиа на Нов Зеланд е првата приватна лансирна постројка. Ракетата ќе биде лансирана на 20 април или било кој ден потоа, во следните две недели, се наведува во соопштението на компанијата.

– Рокет Лаб е единствената мала вселенска компанија која ќе ја достигне орбитата и ќе го исполни ветувањето да отвори пристап за малите сателити – рече основачот на Рокет Лаб и главен директор на компанијата Петер Бек.

Според него, компанијата може да поставува сателити во орбитата на секои 72 часа.

Ракетата на Рокет Лаб може да лансира во вселената сателити со тежина до 150 килограми, наменети за комуникација и фотографирање.