Роденденски концерт на „Синтезис“

71

Познатата македонска, и една од најпознатите балкански етногрупи Синтезис“, вечерва ќе одржи славенички концерт на плоштадот „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје, со почеток во 20 часот, по повод јубилејот – 25 години артистичка кариера.

Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, Синтезис“ е најголемиот амбасадор на македонската музика во светот. Од своето основање во 1995 година, Синтезис е чувар на македонската традиционална музика и нејзин облагородувач со нови музички форми и елементи.

Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари, како што се Влатко Стефановски, Тоше Проески, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња, меѓу кои се Биља Крстиќ и Бистрик.

Билетите се пуштени во продажба во строго ограничен број, по цена од 200 денариКонцертот ќе се одржи под строги протоколи и мерки за заштита на здравјето на посетителите.