Роби Вилијамс е подготвен да се врати во „Тејк дет“

36

Роби Вилијамс, светски познатиот пејач, кој настапи на отворањето на актуелното Светско првенство во фудбал, неодамна изјави дека е подготвен да се врати во групата „Тејк дет“, доколку и Џејсон Оринџ се согласи на тоа.
Во 2020 година популарниот бенд ќе ја одбележи 30-годишнината од постоењето, па токму затоа новинарите се интересираат дали е можно нивно реактивирање во полн состав. Тоа би значело дека на групата, во која останаа членовите: Гари Барлоу, Марк Овен и Хауард Доналд ќе ѝ се приклучат и Роби и Џејсон.
Вилијамс го напушти бендот во април 2014 г., а во септември истата година тоа го направи и Џејсон. Во март годинава Гари Барлоу изјави дека нема шанси Роби да се врати во бендот и оти е задоволен како тој функционира и како трио.
Во полн состав „Тејк дет“ не настапиле од 2011 година.