Роберт Патинсон ја чува тајната на шпионскиот филм „Тенет“

56

Зборот тајна асоцира на најновиот опус во кариерата на еден од најдобрите режисери на денешницата, Кристофер Нолан, а ова особено се однесува на долгоочекуваниот филм, епската акција „Тенет“.
Писателот режисер на трилогијата „Темниот витез“, како и на ремек-делата „Мементо“ и „Зачеток“, во изминатите шест години го изработуваше сценариото за „Тенет“, амбициозна приказна за меѓународна шпионажа со уникатен научнофантастичен пресврт. Но самата приказна во голема мера се чува во тајност, дури и од многумина од актерската екипа.
– Речиси сите актери во филмот, освен ние четворицата, не го виделе целото сценарио – изјави Роберт Патинсон неодамна во едно интервју.
Другите во привилегираниот квартет се Џон Дејвид Вашингтон, Кенет Брана и Елизабет Дебики.
– Луѓе доаѓаа и снимаа со месеци и немаа поим што е приказната – вели Патинсон и додава дека, според него, тоа било мошне фасцинантно.
Тајната природа на проектот е типичен модус операнди во „Синкопи“ – продуцентската компанија на Нолан и неговата сопруга и долгогодишна продуцентка Ема Томас.