Роберт Патинсон закрепна од ковид-19 и продолжи снимањето на новиот филм за Бетмен

104

Снимањето за претстојниот филм за Бетмен, во кој Роберт Патинсон ја има главната улога, продолжи неделава во Ливерпул и фотографии од сетот беа објавени на социјалните мрежи. Патинсон им се приклучи на колегите кои го глумеле Бетмен – Бен Афлек, Кристијан Бејл, Џорџ Клуни, Вал Килмер и Мајкл Китон, пренесува „Гламур“.

Во новата верзија на Бетмен, режирана од Мет Ривс, главниот негативец е Пингвин, добро познатиот негативец од Ди-си комикс. На фотографиите направени во текот на снимањето во Ливерпул, кој би требало да го долови филмскиот Готам, се наоѓа главната филмска екипа, а меѓу нив и Пингвин во кожен мантил и со чадор.
Под сета таа шминка се крие еден од најпознатите холивудски актери Колин Фарел. На фотографијата ирскиот актер е речиси непрепознатлив. На сцената со него е и Патисон, но и Зои Кравиц, која ја глуми жената-мачка.

Фарел е еден од многуте актери што го глумеле негативецот Освалд Коблпот, познат како Пингвин. Во текот на 60-тите години го глумеше Берџис Меридит, во 1992 година во филмската адаптација „Бетмен се враќа“ го глумеше Дени Девито, а како Пингвин се појави и Ричард Лорд Тејлор во ТВ-серијата „Готам“.

Новиот „Бетмен“ е блокбастер во најава, кој никако да стигне до публиката поради пандемијата. Снимањето на филмот чиј буџет е 100 милиони, накратко беше прекинато кога Роберт Патинсон се зарази со коронавирусот, така што сега премиерата е преместена за 2022 година.