Роберт Де Ниро се разведува по 20 години брак

301

Американскиот актер, режисер, продуцент и двоен добитник на Оскар и Златниот глобус, Роберт Де Ниро се разведува од сопругата Грејс Хајтауер по повеќе од 20 години брак, пишуваат американските медиуми.

Според пишувањето на Холивуд Репортер, Де Ниро во последно време на разни настани присуствува сам, а двојката веќе подолго време не живее заедно.

Извор близок до парот изјавил дека Роберт(75) и Грејс(63) информацијата за прекинот наскоро ќе ја објават и официјално.

Не е тајна дека на парот не му цветаа ружи во бракот. Имено, Роберт и Грејс се разделија во 1999 година по две години брак, но разводот никогаш не беше официјализиран, а во 2004 година ги обновија брачните завети.

Парот има две деца, 20 годишниот син Елиот и шестгодишната ќерка Хелен. Роберт од претходните врски има четири деца, со првата сопруга Диана Абот има син Рафаел(42), а ја посвоил и нејзината ќерка Дрена(47), додека во долгогодишната врска со Туки Смит ги доби близнаците Џулијан и Арон(23).