Ридли Скот ќе снима воен филм за кинескиот пазар

128

Светски познатиот режисер Ридли Скот преговара за нов филм, кој ќе биде воен трилер за евакуирањето на 4.885 кинески државјани во рок од 48 часа, за време на ирачката инвазија во Кувајт во 1990 година.

Проектот на кинеската „Жежианг талент“, насловен „Збогум, Кувајт“, ќе чини 35 милиони долари. Снимањето ќе се одвива во Кина и Кувајт, а филмот пред сѐ е наменет за кинескиот пазар.

Последните филмови што Скот ги пласира во Кина се „Сите пари на светот“ и „Осмиот патник: завет“, кој, пак, заработи околу 46 милиони долари.