Ресторан што дава храна во замена за пластика

130

Главниот оброк на Рам Јадав од Индија, во деновите кога не добивал дневница, бил сув чапати (бесквасен, тенок леб), сол и кромид. Имало денови и кога останувал гладен.

Јадав е бездомник и е еден од повеќе илјади Индијци што заработуваат за живот од пластичен отпад наменет за рециклирање.

Меѓутоа, еден ресторан во Амбикапур, решава да им помогне на овие луѓе. Создава проект со кој не само што им помага на бездомниците, туку го решава и проблемот со пластичниот отпад во земјата. Идејата е за килограм пластичен отпад да се даде топол оброк.

Минатата недела Јадав седеше на масата во ресторанот и имаше топол оброк. Тој ја заработил храната во замена за еден килограм пластичен отпад.

– Топлиот оброк што го добивам овде  доволен ми е за цел ден. И добро е чуството да седите на маса како и сите – додава тој.

Овој ресторан е отворен во октомври од општинската корпорација на градот Амбикапур. Идејата е за да се поттикне свеста за потребата од собирање и отстранување на пластичен отпад. Мотото на оваа иницијатива е „Повеќе отпад, подобар вкус“.