Реставрираното јагне стана хит бидејќи личи на Зулендер

45

„Генетскиот олтар“, дело на славните браќа Хуберт ван Ајк и Јан ван Ајк, е реставриран, но поради новиот изглед на поединечни ликови стана вирален хит. Една од најзначајните слики на светот за која се смета дека е првото дело насликано со маслени бои – „Генетскиот олтар“, од 1432 година, на 12 панели прикажува библиски ликови и мотиви и се чува во црквата „Св. Бавон“ во Гент, во Белгија. По реставрацијата, новиот изглед на јагнето симбол на Исус корисниците на социјалните мрежи го споредуваат со ликот на Зулендер.

Јагнето, кое некогаш било насликано со нежни линии, по реставрацијата доби човечки очи и кисел израз на муцката и едноставно изгледа лошо. Членовите на интернетската заедница ја споделуваат неговата слика споредувајќи ја со ликот на Блек Филип од хоророт „Д вич“ и со познатиот филмски лик Дерек Зулендер. Јагнето доби дури и свој твитер-профил.
Ова е само уште едно од поглавјата на бурната историја на ова уметничко дело, кое во текот на 500 години постоење било копирано, неколкупати за малку ќе изгорело во пожар, неколкупати било украдено, па дури и од Наполеон и од Хитлер.