Ремек-делата на Мориконе ќе останат вечни

33

Светот жали по веста за смртта на музичкиот гениј, италијанскиот композитор Енио Мориконе кој почина во 91-та година од животот.

Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филмови, а исто така има добиено и „оскар“.

Меѓу неговите најпознати дела се темите за филмовите: „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“,„Малена“, „Недопирливите“, „За грст долари“, „Осумтемина омразени“, „Професионалец“, „Киното Парадисо“ и многу други.

Да се потсетиме на ремек-делата на големиот маестро.