Режисерско деби на оскаровката Хали Бери

38

Добитничката на „оскар“ и една од најуспешните глумци од афроамериканско потекло во Холивуд, Хали Бери (52), ќе се обиде првпат во улогата на режисерка во филмската драма „Модринки“. Освен што ќе го режира, Хали и ќе игра во филмот. Таа ќе ја глуми Џеки Правда, посрамена спортистка, која се соочува со својот шестгодишен син, откако пред неколку години го напуштила.

Џеки ќе мора да се бори против една друга спортска ѕвезда во подем и да се соочи со своите демони додека во исто време се обидува да се искупи и да му биде добра мајка на Мени.
Овој филм е последен во низата проекти со кои Бери јасно го означи своето враќање на големите екрани, по тригодишната пауза.