Режисерот Гиљермо дел Торо доби ѕвезда на Булеварот на славните

30

Мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо доби ѕвезда на познатата петка на славните во Лос Анџелес. Пригодата ја искористи да ги повика сите имигранти да не се повлекуваат поради неодамнешните смртоносни истрели во Ел Пасо, САД.

Дел Торо минатата година доби две награди „оскар“ за филмот „Обликот на водата“. Тој е склон на снимање хорори со фантастични ликови и лоши чудовишта, иако во приватниот живот е весел и ведар човек.

– Кога луѓето ќе ми кажат дека живеам во својот имагинарен свет, им одговарам дека тоа не го правам јас туку политичарите. Не верувајте им на лагите што ги зборуваат за вас, туку на приказните што ги носите во себе. Верувајте дека сите заедно можеме да ги смениме работите на подобро – изјави познатиот режисер.

Дел Торо си заминал од Мексико во 1968 година кога го киднапирале татко му. Грабнувачите барале откуп во износ од милион долари, сума што тој успеал да ја собере со помош на пријателите и колегата Џемс Камерон. Оттогаш живее во Лос Анџелес.

– Секој ден, секоја недела се случува нешто што ме посетува дека сум во постојано прогонство од својата земја – вели режисерот за магазинот „Тајм“.
Дел Торо ги продуцирал повеќето свои филмови, а во 2008 година ја основал продуцентската куќа „Ча ча ча филмс“.