Раперот Мек Милер пронајден мртов

87

Американскиот рапер Мек Милер, чие вистинско име е Малком Мекормин, е пронајден мртов во неговиот дом во Калифорнија.

Беживотното телото на 26-годишниот Милер е пронајдено синоќа, а според првичните информации во американските медиуми како причина за смртта се наведува предозирање со наркотици.

Милер подолг период имаше проблеми со зависноста, а во мај годинава ја прекина врската со пејачката Аријана Гранде по што состојбата уште повеќе му се влоши.

Toj во интервју за американските медиуми наведе дека мрази да биде трезен.