„Рамноземјашите“ појаснија зошто човекот не паѓа кога ќе дојде на работ

342

Повеќе од 200 луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна плоча се собраа на тридневна конвенција во Англија на која, меѓу другото, „појасниле“ зошто човекот не паѓа „кога ќе дојде до работ“.

– Разговаравме слободно, без предрасуди и по длабоки и мудри дискусии дојдовме до одредени заклучоци – се вели во соопштението на Англиското здружение на „рамноземјаши“.

Тие на оваа конвенција „одговорија“ на прашањето кое до сега привлекуваше најмногу внимание и ја откриваше бесмисленоста на оваа теорија.

Имено, ако Земјата е рамна плоча, мора да постои раб, а кога човекот ќе дојде до него, би морал да падне, односно да отиде во вселената.

– Човекот не може да падне од работ на Земјата бидејќи кога ќе дојде до крајот, тој автоматски ќе се појави на другата страна на планетата – се вели во објаснувањето, кое се поткрепува со популарната видео игра од минатото „Пекмен“.

Рамноземјашите веруваат дека сите фотографии на нашата планета се лажирани и дека таа не е сферична, туку е рамна плоча.

Следен собир на приврзаниците на оваа теорија е закажан за 15 ноември во американскиот град Денвер.