„Пуси рајот“ казнети за незаконско носење полициски униформи

151

Руски суд им одреди парична казна во висина од 1.500 рубли (околу 20 евра) на музичарките од феминистичката панк-група „Пуси рајот“ и на основачот на уметничката платформа „Војна“ за незаконско носење полициски униформи. Олга Пахтусова, Вероника Никулшина и Олга Курачева од „Пуси рајот“ и Пјотр Верзилов од „Војна“, облечени во полициски униформи, на 15 јули истрчаа на теренот на стадионот „Лужники“, додека се играше финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал меѓу Хрватска и Франција.

Освен паричната казна, тие добија и забрана да посетуваат спортски и друг вид масовни настани во следните три години.
Тие пред судот рекоа дека не се чувствуваат виновни и дека протестот бил инспириран од поетот Дмитриј Пригов, кој во своите дела го опишува ликот на „праведниот небесен полицаец“.