Психичките проблеми и го уништија бракот на принцезата Дaјана

3626

Последниве неколку дена сите очи се вперени во британскиот дворец и фотографиите од венчавката на Хари и Меган Маркл. Кога се зборува за кралското семејство, невозможно е да не се спомене принцезата Дaјана и нејзиниот брак со принцот Чарлс.

Фановите на Хари и Меркл им посакуваат подолг брак од оној кој го имаа неговите родители, а животот на Дaјана и Чарлс и понатаму е актуелна тема за која многумина сакаат да слушаат.

Во документарецот „Diana – Story Of A Princess“ се наведува дека, за време на бракот на принцот Чарлс и принцезата Дaјана, неговите пријатели зборувале дека принцезата има прихички проблеми поради траума од детството. Всушност, кога имала седум години, нејзините родители се развеле, а старателството го добил нејзиниот татко.

Пени Џуниор, која ја напишала биографијата на покојната принцеза, во документарецот навела тврдења дека Дaјана ја започнала врската со принцот додека имала ментални проблеми кои подоцна кулминирале со депресија и булимија.

Разводот на нејзините родители наводно бил исто драматичен како и нејзиниот брак, а нејзините родители после разводот едвај комуницирале. Нејзиниот татко повторно се оженил после неколку години, а таа тоа многу тешко го поднела.

-Имаше многу несреќно детство и самата влезе во идентично нереќен брак- вели Џуниор.

Принцезата Дaјана била идеална девојка за принцот Чарлс во таа доба. Била ќерка на англиски гроф, имала само 19 години и немала момче пред принцот.

Иако на почетокот нивниот брак се чинеше како бајка, принцезата подоцна призна дека тоа било пекол уште од првиот ден и уште во првата година од животот со Чарлс заболела од булимија и депресија. Неколкупати дури се обидела и да се убие, пишува хрватскиот портал Индекс.