Пронајдени милиони долари сокриени во една од куќите на Пабло Ескобар

268

Николас Ескобар, роднина на Пабло Екобар, за колумбиските медиуми изјавил дека пронашол најлонска кеса со 18 милиони долари во ѕидот на една од куќите на озлогласениот наркобос, пренесува Би-би-си.

Николас за колумбиските медиуми изјавил дека предходно „имал визија“ каде да ги бара парите во станот каде што живеел во градот Меделин.

Неговиот роднина Пабло Ескобар беше убиен во полициска престрелка во 1993 година.

На врвот на својата кариера, за Ескобар се сметаше дека е седмиот најбогат човек на планетата.

Гласините за скриеното богатство на Пабло Ескобар кружат во Меделин уште од неговата смрт, бидејќи тој поминал една деценија водејќи војна против колумбиската држава за да ја спречи неговата екстрадиција во САД.

Николас Ескобар за колумбиската телевизија „Ред плас нотисиас“ изјавил дека пронашол машина за пишување, сателитски телефони, златно пенкало, камера и филм што треба да се развие.

– Секојпат кога седев во трпезаријата и гледав на паркингот, гледав човек како влегува и исчезнува. Смрдеата внатре беше неподнослива. Мирисаше сто пати полошо отколку кога некој ќе умре. екои банкноти се стари и повеќе не се користат – рекол тој.

Во интервјуто за колумбиската телевизија „Ред плас нотисиас“ , Николас раскажал се сретнал Пабло Ескобар неколку пати, како и дека бил киднапиран од непознати лица кои го барале богатството на Ескобар.

– „Ме мачеа седум часа. Двајца од моите работници беа нападнати со моторна пила – кажал Николас Ескобар.