Промоција на новата песна на македонското трио BDM

125

Македонското продуцентско трио BDM денеска ќе има промоција на нивната нова песна насловена „Run n’ Hide“. Во оваа песна тие за првпат соработуваат со машкиот вокал Алекс В.

Како и претходните две, така и оваа, трета, песна е испеана на англиски јазик, но она што ја разликува од претходните е тоа што е направена во електронски амбиентален звук. Песната Run n’ Hide е во издание на „Парагон рекорд лејбл“.

Триото, кое за првпат на сцената се појавија во 2018 година, воедно ќе го промовира и спотот на новата песна. Главната улога во спотот ѝ припаѓа на Марис Џолин, а режисер на видеото е Дарко Митев.

Деби албумот на триото, насловен State Of Mind, се очекува да биде издаден до крајот на годината. Албумот ќе ги вклучува и нивните два претходни сингла.

На новите песни на кои работат ќе им гостуваат пејачи од целиот свет.

Издавачката куќа „Парагон рекорд лејбл“ наредната недела ќе го објави онлајн натпреварот на светско ниво за најдобар ремикс на Run n’ Hide. Победникот на натпреварот ќе добие директна промоција на неговата музика од страна на „Парагон рекорд лејбл“.