Промоција на книгата „Раштани низ вековите“

105

Во големата сала од Центарот за култура во Кичево, вечерва, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата на Зоран. Б. Стојаноски, „Раштани низ вековите“. Авторот на 320 страници ја спакувал многувековната хронологија за родното село. Ова е негова втора книга, по романот „Прочка“.

– Во мојата најнова книга „Раштани низ вековите“ првпат ќе ги презентирам архивските документи за моето село уште од 14 век. Во оваа монографија се сублимирани сите случувања низ вековите, доселени, отселени, родови стебла, животот во селото низ војните како и по нив и многу други факти. Со овој труд сакав да оставам белег за моето село за идните генерации, како поттик за понатамошно истражување и разоткривање нови моменти од животот на селото – вели авторот на монографијата Зоран. Б. Стојаноски.

Промотори на книгата се Живко Новески, писател и Ацо Ангелкоски, професор по архивистика.