Продажбата на книги пред Божиќ од витално значење за Исланд

412

Нема Божиќ на Исланд без поплава од книги под елката. Буквално е така. Покрај почитувањето на традицијата, тоа е и практично бидејќи во остатокот од годината книгите чинат двојно повеќе отколку во Франција или Велика Британија, што љубителите на читањето го опишуваат како пропаст.

„Јолабокафлод“ или божиќната поплава од книги е омилена исландска традиција, која трае уште од крајот на Втората светска војна. Две третини од книгите на Исланд излегуваат од печатење во ноември или декември, токму пред празниците.
Тогаш стотици нови наслови се продаваат во книжарниците или супермаркетите по намалена цена, а продажбата пред Божиќ е од витално значење за опстанокот на домашното издаваштво. Исланѓаните за Божиќ традиционално разменуваат книги или ја поминуваат вечерта читајќи.