Проговори и поранешната сопруга на Харви Вајнштајн

1499

Георгина Чепмен, поранешната сопруга на холивудскиот режисер Харви Вајнштајн за прв пат проговори за магазинот “Вог”, за тоа како реагирала кога дознала дека нејзиниот сопруг злоставувал десетици жени.

Модната дизајнерка беше десет години во брак со Вајнштајн, а последните шест месеци откако го напушти не сакаше да зборува за медиумите. Сега проговори за списанието “Вог”, велејќи дека била “засрамена и скршена”.

-Еден дел од мене беше неверојатно наивен, очигледно многу, многу наивен”, вели таа и додала дека се вљубила во Харви, бидејќи бил харизматичен, паметен и хуман.

Чепмен и Вајнштајн имаат две ќерки – седумгодишната Индија и петгодишната Дејшел.

-Имам моменти на гнев, конфузија и неверување. И потоа само плачам за моите деца. Како ќе изгледаат нивните животи после ова? Што ќе зборуваат луѓето – говори дизајнерката.

Ана Винтур, уредничка на “Вог” застана во одбрана на Георгина велејќи дека ја познава Георгина уште од 2004 година и дека за другото лице на својот сопруг не знаела.