При транспорт оштетена слика на Пикасо вредна 70 милиони долари

1861

Слика на шпанскиот сликар Пабло Пикасо вредна 70 милиони долари беше повлечена од продажба, откако во аукциската куќа „Кристи“ било забележано дека е оштетена при транспорт.

Од аукциската куќа соопштија дека проценката на штетата на сликата „Морнарот“ (Le Marin) се уште е во тек.

Интересно е, дека сликата му припаѓа на сопственикот на казина Стив Вин, кој и претходно имаше лоша среќа со друга слика на Пикасо.

Вин во 2006 година додека на пријателите во Лас Вегас им ја покажувал сликата „Сонот“ (Le Reve) со својот лакт го продупчил платното.

Сепак несреќата имаше и позитивен крај, бидејќи пред оштетувањето сликата беше проценета на 139 милиони, а по реставрацијата се продаде за 155 милиони.