„Пријателите“ се враќаат

62

Актерите од „Пријатели“ повторно ќе се обединат во една специјална епизода, 15 години откако заврши емитувањето на популарната серија, објави ХБО.

Потврдено е дека ќе се појават сите актери – Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет леБланк, Метју Пери и Дејвид Швимер. Снимањето наскоро ќе почне, а сè уште не е објавен датумот на емитување на епизодата.

Актерите на социјалните мрежи споделија иста фотографија за која напишаа „Се случува“.