Пристигнува анимираната авантура „Паркот на чудата“

66

Компаниите „Парамоунт пикчерс“ и „Никелодеон мувис“ ја претставија најновата анимирана авантура, што ја оживува фантазијата и го разигрува новиот и посебен „Парк на чудата“.

Ова е возбудлива приказна за девојчето Џун, кое во шумата открива еден величествен, заборавен парк, ист како оној од нејзината фантазија. Меѓутоа, кога тој ќе почне да се урива, само таа може да го спаси со помош на нејзината фантазија, но и на пријателите. Друштво ѝ прават мечката Брундо, едно шимпанзо, маскотата на паркот Кики, бестрашната дива свиња и многу други.

Гласовите на ликовите ги позајмија: Џенифер Гарнер, Метју Бродерик, Џон Оливер, Мила Кунис, Кенан Топсон и други. Сценариото е на Џон Апелбаум и Андре Немец, кои создадоа напната и поучна приказна во која ќе уживаат сите генерации.

„Паркот на чудата“ се прикажува во 2Д и 3Д-верзија, а се надеваме дека наскоро ќе дојде и кај нас.