Принцот Чарлс сретна обожавателка што го бакнала пред 40 години

1642

Британскиот принц Чарлс повторно се сретнал со жената која го бакнала пред речиси 40 години, пишува во недела Би-Би-Си.

Лејла Шервуд во 1979 година се појави на насловните страници кога како 14 годишно девојче го бакна младиот принц од Велс во образот на аеродром во австралискиот град Каирнс.

Чарлс оваа недела престојува на австралискиот континент, а во недела беше на миса и ја посети прашумата во близина на овој град на североистокот на Австралија.

Госпоѓата Шервуд го чекаше пред црквата за повторно да го сретне принцот.

Жената му покажала фотографија од стар весник на која бил забележан историскиот бакнеж.

– Ме фати за раката и рече: Господ да те благослови. Не сакав да му ја пуштам раката – рече Шервуд.