Принцот Хари користел необичен емотикон за да ja освои Меган

385

Поранешната актерка, Меган, наводно била воодушевена од „смешниот и симпатичен“ стил на пишување на принцот, и особено ѝ се допаѓало кога Хари избирал емотикон дух, а не смешко (смајли), кога ѝ испраќал пораки во раните денови на нивната романса.

Во новата книга биографија Finding Freedom („Потрага по слобода“) – чии што извадоци се објавени во магазинот „Пипл“- кралските известувачи Омид Скоби и Каролин Дуранд пишуваат: „Неговите пораки честопати беа кратки и полни со емотикони, поточно емоции со духови, кои тој често ги користеше наместо смешковци.“

Од која причина? Никој не знае. Но, Меган сметаше дека неговиот стил на пишување е смешен и симпатичен, исто како принцот”.

Биографијата исто така сугерира дека Хари (35) не губел време да ѝ даде на знаење на Меган (38) дека тој е многу заинтересиран за врска со неа“.

Еден пријател на војвотката рече: “Принцот дефинитивно не го криеше фактот дека е заинтересиран. Тој сакаше таа да знае дека е многу заинтересиран”.

Хари бил првиот што рекол „те сакам“ во врската, а пријателите откриваат дека двајцата веднаш биле опседнати еден со друг.

Двојката, наводно, почувствувала „опиплива привлечност“ по нивното прво рандеву во Лондон. „Хари бил во транс, а Меган на пријателите им кажала дека врската може да има нозе,“ се вели во биографијата.

Меган и Хари, кои во март годинава го напуштија кралското семејство и своите обврски во британска монархија, се венчаа во Виндзор, Англија во 2018 година и во моментов живеат во Лос Анџелес со нивниот 14-месечен син Арчи.

Биографијатаа за војводата и војвотката од Сасекс, со симболичен наслов „Потрага по слобода“, се очекува да биде бестселер. Предвидено е да биде објавена на Интернет на 11 август.

Во описот стои дека книгата е искрен, близок и разоружувачки портрет на самоуверен и влијателен пар кој не се плаши да раскрсти со традицијата, и цврсто решен да создаде нов пат подалеку од вниманието на светот.