Принцот Хари и Меган влегоа во „Гинисовата книга на рекорди“

466

Британската кралска двојка, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, успеаја да соберат милион следбеници на заедничкиот профил на Инстаграм, побрзо од кој било друг, соопштија од „Гинисовата книга на рекорди“.

Тие отвориле профил на оваа социјална мрежа, кој го добил милионитиот следбеник за помалку од шест часа, со што го соборија рекордот на јужнокорејската поп-ѕвезда Канг Даниел.

Профилот на Хари и Меган досега го следат над 2,6 милиони лица.