Принцот Вилијам откри како ја надминал вознемиреноста

161

Ослабениот вид според принцот Вилиам му помогнал да ја победи тремата и нервозата кога настапува во јавност, пишува „Експрес“.

Војводата од Кембриџ е отворен поборник за добротворни организации за ментално здравје, поддржувајќи повеќе добротворни организации. Тој и Кејт, војвотката од Кембриџ, исто така неодамна беа забележани како им помагаат на медицинските лица и негуватели преку нивните проекти.

Вилијам го откри начинот на кој ја надминал тремата и нервозата кога настапува во јавност во изјавата за новиот документарен филм на Би-би-си „Фудбал, принцот Вилијам и нашето ментално здравје“ .

Принцот Вилијам бил запрашан од еден фудбалер дали има трема кога настапува во јавност, на што тој одговорил дека имал кога бил помлад, но не толку многу сега.

– Мојот вид почна да ослабува како стареев и не носам контактни леќи кога работам, па затоа кога имав говори во јавност не можев да видам ниедно лице. И тоа ми помогна, затоа што гледав само замаглени лица, па така не можете да видите дека некој ве гледа. Гледам доволно за да прочитам весник и слични работи, но не можам да ја видам целата просторија. Тоа навистина ми помогна да ја надминам мојата вознемиреност – кажа принцот Вилијам.