Приказните за Дедо Мраз се корисни за психата на децата

101

Канадски психолог вели дека верувањето во Дедо Мраз е многу важно за менталното здравје на децата, објави „Дејли меил”.

Божик е време на магија, особено за децата. Меѓу домашната декорација и прашањата за Дедо Мраз, родителите често се прашуваат дали од нив зависи магијата. Повеќето не знаат дали да ги охрабруваат своите деца да мислат дека навистина добриот дедо постои и какви можат да бидат последиците од лагите. Тие, исто така, се загрижени од помислата дека децата наскоро ќе ја дознаат вистината.

Кристен Динфилд од Универзитетот Конкордија вели дека е најдобро родителите да ги поддржат своите деца се додека тие самите не ја утврдат вистината. Кога тоа ќе се случи, нивната реакција нема да биде толку страшна.

Истражувањата во областа на развојната психологија покажуваат дека верувањето во такви измислици не само што не е штетно, туку е и корисно за децата, бидејќи ги учи на алтернативно размислување, што е важно за иновативноста и за емотивниот развој.

Повеќето деца веруваат во Дедо Мраз во одреден временски период. Тие обично престануваат на возраст од осум години. Иако многу родители се плашат од оваа транзиција, тоа е неопходен дел од растот.

Дедо Мраз е мешавина на реалноста и магијата. Со текот на времето, размислувањето на децата еволуираат до тој степен што разбираат колку се невозможни работите кои ги прави овој волшебен дедо. Помалите деца прашуваат каде тој живее, га олемите се прашуваат како го минува светот за една ноќ.

Осознавањето што точно претставуваат овие прашања – манифестација на когнитивно развој, ја намалува болката за многу родители. Ако сакате детето да продолжи да верува во фикција, можете да дадете некое прифатливо објаснување. Ако сакате детето да го води разговорот, можете да го возвратите прашањето и да го натерате на размислување. Ако сакате детето побрзо да влезе во светот на возрасните, одговорот може да биде обесхрабрувачки.

Што се однесува до детската реакција на лагите, таа обично е доста мирна. Таквата лага не може да предизвика непоправлива штета. Децата ја дознаваат вистината за Дедо Мраз најчесто во времето кога почнуваат да сфаќаат дека во животот некои работи се прикриваат со добри намери.