Претставата „Индиго“ доаѓа во Скопје

122

Српската претстава „Индиго“, во режија на Бранислав Лечиќ и со текст на Душко Премовиќ, ќе биде изведена вечерва, во 19 часот, во Домот на АРМ.

Во главните улоги се појавуваат Бранислав Лечиќ и две дами, Даница Максимовиќ и Марија Вицковиќ. Драмата „Индиго“ е приказна за животот на една жена во модерното општество, нивните стравови, интереси, цели и амбиции. Две доминантни дами, Бела (Марија Вицковиќ) и Ана (Даница Максимовиќ), работат во иста канцеларија многу години не знаејќи една за друга апсолутно ништо. Нивните приватни животи се распаѓаат во целост. Изгубени се, осамени и исцрпени од работата. По многу расправии, навреди, подметнувања, лажни телефонски повици, се зближуваат и се бодрат една со друга, за да ги пребродат своите проблеми. Во најубавите моменти се разделуваат. Бела останува сама, додека не се појави маж (Бранислав Лечиќ) во нејзиниот живот, домар и поранешен затвореник, кој ја вади од магичниот круг на секојдневието понудувајќи ѝ брак.