Прескокнување на појадокот може да предизвика многу непријатен проблем

109

Добро е познато дека појадокот е најважниот оброк во денот бидејќи на тој начин го поттикнувате метаболизмот и ја давата потребната енергија на телото.

Многумина и покрај тоа сепак не појадуваат од различни причини, но можеби тоа ќе го променат кога ќе дознаат дека токму тоа е причината за непријатен здив.

Според Дејли Маил, прескокнувањето на појадокот во устата остава бактериии кои инаку би ги исфрлиле со храна.

-Ако не појадувате, имате една од најлошите навики која предизвикува лош здив бидејќи усната шуплина останува сува и полна со бактерии- пишува доктор Мервин Друиан од Лондонскиот центар за естетска стоматоголија.

Уште повеќе бактерии може да настанат доколку за појадок одберете житарици со шеќер.

Наместо тоа, доктор Друиан советува да јадете овошје и да пиете вода. На тој начин најефикасно ќе ги отстраните бактериите од устата.