Премиери од настапите на „Лајф стрим“ на „Егзит“

32

По четири фантастични денови на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, од 3 до 6 септември, егзитовиот „Лајф стрим“, проектот реализиран во партнерство со Светската програма за храна на Обединетите нации, најголемата хуманитарна организација на светот, се подготвува да излезе пред милионскиот аудиториум низ планетата. Во два продолжени викенди, од 17 до 20 и од 24 до 27 септември, пристигнуваат ексклузивните премиери од просторот на водечката светска електронска бина, Денс-арената, на која претходниот викенд настапија некои од најголемите електронски изведувачи на светот, меѓу кои и Карл Кокс, Шарлот де Вит, Адам Бејер, Нина Кравиц, Бен Клок, Пол ван Дајк, „Офенбах“, Махмут Орхан, „Сатори лајв“, „Блек Кофи“ и многу други.

Настапот на Шарлот де Вит премиерно беше емитуван во саботата и досега достигна веќе 600.000 прегледи, а во наредните денови се очекува бројката да надмине и над милион гледачи. Овој настап силно одекна во светската музичка индустрија, како поради една од најспектакуларните продукции оваа година, така и поради фактот што додека поголемиот број светски фестивали годинава беа принудени на публиката да ѝ понудат виртуелни изданија, „Егзит“ меѓу ретките успеа со сите протоколи да реализира комплетен светски настан во живо.

Денеска ќе ни ги претстави „Офенбах“, Бурак Јетер и тандемот Диволи и Марквард. За сабота, 19 септември, се подготвени стримовите на Нина Кравиц, Марко Настиќ и „Спејс Моушн“, а за недела одличните „Блек Кофи“, Диџеј Тенис и Коес.