Премиера на нова HBO серија „Чувари“

74

Новата HBO серија „Чувари“ (Watchmen), чие дејство се одвива во алтернативна, современа стварност во САД, ќе има премиера на 21 октомври на HBO GO. Истиот ден првата епизода ќе биде прикажана и на HBO каналот во 20 часот, а новите епизоди ќе се емитуваат секој понеделник во истото време кога епизодата ќе биде достапна и во HBO GO понудата.

Серијата чиј креатор е Дејмон Линделоф (автор на сериите „Преостанати“ и „Изгубени“, за која освои „Еми“ награда), го користи истоимениот графички роман во нова ситуација. Помеѓу главните ликови се наоѓаат маскирани бунтовници кои во суштина се прогонети суперхерои. Некои од нив сакаат да започнат револуција, а други се обидуваат да ја сопрат.

Актерската екипа ја предводи добитничката на „Оскар“ Реџина Кинг во улогата на Анџела Абар и таа носи две маски: една на главната детективка во полицијата во Тулса и втора на сопруга и мајка на три деца. Во екипата е уште еден оскаровец – Џереми Ајронс кој настапува во улогата на стар и вообразен британски лорд, како и Дон Џонсон во улогата на Џад Крофорд, шеф на полицијата во Тулса, Џин Смарт како Лори Блејк, агент на ФБИ.

Извршни продуценти и сценаристи на серијата се Дејмон Линделоф, Никол Касел и Стивен Вилијамс, а меѓу извршните продуценти се и Том Специјали и Џозеф Иберти. Серијата се базира на истиоимениот стрип-роман на авторот Дејв Гибсон во издание на „DC“.