Премиерата за долгоочекуваниот филм на Нолан „Тенет“ може да се одложи

26

Продукцијата што работи на новиот филм „Тенет“ на Кристофер Нолан, објави дека филмот може да не биде премиерно прикажан во јули, како што беше претходно најавено.
Пандемијата на коронавирусот ја наруши и филмската индустрија, па многу премиери се одложени до крајот на оваа година или за почетокот на следната година. Сепак, премиерата на филмот „Тенет“ е најавена за 17 јули годинава.
Меѓутоа, за да може „Варнер Брос“ премиерно да го претстави филмот, 80 отсто од кината во светот треба да бидат отворени.

Со оглед на тоа што е неизвесно дали толку многу кина ќе бидат отворени до средината на јули, се поставува прашањето дали филмот на Нолан ќе ја види светлината на денот на објавениот датум. Нолан, исто така, кратко ја коментираше целата ситуација.
– Го завршуваме филмот, тој ќе биде подготвен за премиера веднаш штом ќе се отворат кината. Мислам дека само толку можам да откријам за сега – изјави Нолан.