„Предатор“ отфрла сцени поради сексуален престапник во актерската екипа

100

На само неколку дена пред премиерата на филмот „Предатор“, ќе мора да се премонтира, поради тоа што еден од глумците, Стив Вајлдер е осуден сексуален престапник, па треба да се исфрли од филмот.

Тоа го обелодени Оливија Мун активистка на #MeToo движењето. Вајлдер во 2010 година одлежал шест месеци казна затвор поради два случаја со сексуално интернет вознемирување на малолетник. Поради тоа, сцените во филмот каде што тој се појавува, ќе бидат отстранети.

Глумецот за филмот бил ангажиран од својот пријател, режисерот Шејн Блек.

Премиерата е закажана за 14 септември.