Првите изртени семиња на Месечината не ја преживејаа ноќта

486
Слика од изртено семе памук на Месечината

Животот на семиња кои изртеа на Месечината во кинеската мисијата „Чанг’е-4“ заврши откако температурите на месечината се спуштија на -170 степени целзиусови, пренесува магазинот „Гардијан“.

Ртењето на памукот навестуваше иднина во која астронаутите ќе можат сами да одгледуваат храна во вселената, потенцијално креирајќи трајни резиденции и станици на Месечината и на други планети. Но, краткиот животот на растението заврши откако пристигнала ноќта на далечната страна на Месечината и температурите се  спуштиле на -170 степени цензиусови.

Професорот Џи Генџин од универзитетот Чонгкинг, кој ја дизајнирал опремата, вели дека краткиот живот на растението бил очекуван.
„Чанг’е-4“ сондата, откако слетала на површината на Месечината, влегла во состојба на мирување откако првата лунарна ноќ настапила. Лунарната ноќ е со времетраење од две недели, по што сондата повторно ќе се активира. Роверот „Јуту 2“ исто така било потербно да помине одредено време во мирување со цел да се избегне прегревање од  дирекното изложување на сончевата светлина кога висината на температурата се искачува до 120 степени целзиусови. За разлика од Земјата, Месечината нема атмосвера која ќе ги регулира разликите во екстремни варијации температура.

Според Кинеската национална вселенска администрација, растенијата и семињата постепено ќе се разградат во специјални садови во кои се чувани и на тој начин нема да влијаат на месечевата околина.

– Досега не сме имале вакво искуство. Немаме начин како да ги симулираме условите што ги има на Месечината, како што се микрогравитацијата и космичкото зрачење. Експериментот вклучуваше и семе од маслена репка, компир и квасец, но ниедно од нив не покажа знаци на ‘ртење. Јајца од овошна мушичка исто така беа вклучени во експериментот. Се надевавме дека ќе се формира мал екосистем, во кој растенијата ќе обезбедуваат кислород за овошните мушички, кои пак, ќе се исхрануваат од квасецот и ќе создадат заедно услови за фотосинтеза, објаснува Генџин.