Прва ТВ-емисија „Машки свет“

159

„Машки свет“ е нова телевизиска емисија што почна да се прикажува во понеделникот. Емисијата има различни содржини, од гостувања на познати личности и дегустација на екстремно лути ајвари, до совети за стил и начин на живот, преку вежбање и исхрана.
– Кога го чув концептот за емисијата веднаш се пронајдов. Ми се допаѓа свежината што е предвидена да се внесе во медиумскиот етер и затоа прифатив првпат да учествувам во проект што ќе се емитува на социјалните мрежи и на Јутјуб. Мислам дека емисијата ќе понуди разновидни содржини, во кои секој ќе може да се пронајде – вели водителот Димитар Атанасовски.

Во првата епизода на Димитар друштво му правеше ТВ и радиоводителот Марко Новески, кој мораше да одговори на многу предизвици.
Автори на емисијата се Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, продуцент е Синиша Илијевски, а во улога на водители се појавуваат Димитар Атанасовски и Жарко Батиќ. Засега емисијата се емитува секој понеделник, среда и петок само на Јутјуб и на социјалните мрежи.