Првата пловечка продавница на „Епл“ во Сингапур

64

Компанијата „Епл“ има широка мрежа на свои продавници низ светот, а една од најновите е посебна, затоа што станува збор за лебдечки објект над вода, пренесе „Д верџ“.
Продавницата на „Епл“ со уникатен дизајн се наоѓа во Сингапур, на локацијата официјално позната како Епл Марина беј сендс. Тоа е наедно и единствената продавница за малопродажба на „Епл“ во светот што плови на вода.

Локацијата е дел од луксузен хотел и одморалиште што го носи истото име и таа е трета продавница на „Епл“ во Сингапур по онаа на улицата Орчард роуд, која беше отворена во 2017 година, како и онаа на аеродромот „Чанги“.
Во текот на денот, новата продавница изгледа како некој футуристички објект, а во текот на ноќта таа е осветлена. Таа ќе биде 512-та продавница на „Епл“ во светот и наскоро ќе започне со работа.