По 15 години култниот „Соулфлај“ во Скопје

24

Во рамките на придружната програма на 21-то издание на фестивалот „Таксират“, скопјани ќе го проследат концертот на култниот „Соулфлај“ што ќе се одржи на 5 август во МКЦ. Славната бразилско-американска метал-четворка предводена од неуништливиот Макс Кавалера доаѓа во Скопје во рамките на турнејата за новиот студиски албум „Ritual“, кој групата го објави лани во октомври. „Соулфлај“ пред македонската публика се враќа по речиси 15 години од последното гостување во земјава, кое резултира со легендарен, неверојатно моќен концертен настап, а уште еден најмалку таков концерт се очекува на 5 август во скопскиот Младински културен центар. Членови на групата се: Макс Кавалера (вокал, гитара), Марк Ризо (гитара), Мајк Леон (бас, вокал) и Зион Кавалера (тапани).