По „оскарот“, Коби Брајант ја доби и наградата „еми“

332

Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, освои уште една награда за анимацијата „Диар баскетбол“.

Краткиот филм беше награден со „еми“, која се смета за најпрестижна американска телевизиска награда, во категоријата за графички дизајн. Пред два месеца, 39-годишниот поранешен бек на „езерџиите“ освои „оскар“ за најдобра кратка анимација.
Како што е познато, Коби Брајант го напиша сценариото за „Диар баскетбол“, а анимацијата е дело на Глен Кин, кој работи за „Дизни“.

Самиот филм се базира на прошталното писмо што петкратниот шампион на НБА го објави кога го најави крајот на својата кариера, во 2015 година.