Почина поранешниот фронтмен на „Нови фосили“ Рајко Дујмиќ

285

Рајко Дујмиќ, поранешен лидер на групата „Нови фосили“, почина на 65-годишна возраст, пишува „Индекс“. Тој минатата недела ја загубил контролата врз своето возило кај Равна Гора и слетал во бездна по што бил сместен во одделот за интензивна нега на Клиничкиот центар во Риека (КБЦ).

Полициската приморско-горанска управа, не наведувајќи го неговиот идентитет, пријавила дека 65-годишниот возач на автомобил „фолксваген тигуан“ со загрепски регистарски таблички слетал од патот во Равна Гора.

Утврдено е дека околу 17.15 часот тој изгубил контрола врз возилото во непрегледен свиок и паднал во бездна длабока околу 11 метри. Поради повредите бил пренесен во Клиничката болница во Риека, соопшти полицијата. Тој бил сам во возилото.