Почина авторот на „Форест Гамп“

137

Американскиот писател и автор на романот „Форест Гамп“ Винстон Грум почина на 77-годишна возраст, изјави Карин Вилсон, градоначалничката на Ферхоуп, во американската сојузна држава Алабама. Причината за смртта не била наведена, пренесуваат светските медиуми.

– Со голема тага ја објавувам смртта на нашиот драг пријател Винстон Грум. Градот Ферхоуп денеска го загуби својот култен автор – напишала Вилсон на Фејсбук.

Романот од 1986 година стана најпопуларно дело на писателот, благодарение на неговата адаптација за филмот „Форест Гамп“ со Том Хенкс, кој освои шест „оскари“ и три награди „Златен глобус“. Во книгата станува збор за млад човек со умствена попреченост, кој се издигнува над животот.

Во 1995 година Грум го објавил продолжението на книгата „Гамп и пријателите“.