Последниот оброк на мумијата Оци бил месо од дива коза

122

Научните истражувања покажаа дека последниот оброк на ледениот човек Оци, кој починал пред 5.300 години на Алпите, бил добро балансиран, но исто така и со алармантно висок процент на маснотии. Откако е проанализирана содржината на стомакот, вклучувајќи ги и ДНК-анализата и микроскопските прегледи, истражувачите откриле остатоци од месо од елен и од дива коза, многу масти од дива коза, делови од пченица и траги од токсичен папрат. та, објавена во „Срент биолоџи“, дава редок поглед на она што било на менито за време на бакарната доба. Нуди слика за последните денови од животот на овој ловец од оваа доба.

Иако истражувачите и претходно ги испитувале цревата на Оци, ова е првпат да го разгледаат детално неговиот стомак. Следејќи ја смртта на Оци, органот се движел нагоре. При првите анализи не бил откриен, затоа што се скрил зад ребрениот кафез. И бил полн. Но полека со одмрзнување на телото, тимот зел примероци и ги рехидрирал. Диетата со високо количество маснотии му дала на Оци енергија за да преживее подолго време на голема надморска височина, вели Френк Меикснер од Истражниот институт за истражување на мумиите во Боцано, Италија. Мејкснер тврди дека ледениот човек јадел резерви храна што претходно ги приготвил, а не нешто што е тукушто убиено, што укажува дека тој го планирал својот последен оброк.

Двајца планинари во 1991 година пронашле мумифицирано тело на маж на Алпите, за кој се смета дека починал пред приближно 5.300 години. Научниците во изминатите 27 години детално ги анализирале неговата облека, забите и телото, а најновата ДНК-анализа открила што сѐ се наоѓало во неговиот желудник кога тој бил пронајден. За причините за смртта на Оци сѐ уште се дебатира. Неговите рани сугерираат на насилен конфликт. Една теорија вели дека Оци избегал во планините затоа што бил гонет. Се претпоставува дека е убиен од стрела, која го погодила во грбот. Неговото неверојатно зачувано тело во планините овозможило научниците да спроведат детални истражувања.

За разлика од другите мумии, клетките на Оци сè уште се влажни. Египетските примероци најчесто немаат мозок и други органи. Имал нетолерантност на лактоза, па оттука и генетичка предиспозиција за срцеви заболувања, тоа го покажале многуте негови тешки артерии, кои тогаш се сметале за модерен феномен. Директорот на Институтот за мумии на Еурак, Алберт Цинк, смета дека изучувањето на бактериите во стомакот на Оци може да доведе до напредок во современата медицина. Починал на 46 години, во негово време тоа била златна доба. Без вишок маснотии, така што најверојатно бил во добра форма. Имал кафени очи, а брадата, долгата коса и 61-та тетоважа, не биле украсни, туку за медицински цели. Тие ги обележувале болните места, кои одговараат на денешните точки за акупунктура. Оваа техника била измислена 2.000 години подоцна во Азија.

Оци покрај себе имал бакарна секира, громобран, нож и алатка за острење. Неговата облека е исто така добро зачувана, вклучувајќи панталони и капут од козја кожа, шапка од крзно од мечка, чевли од сено и торба од кожа од елен. Сите овие предмети, како и самиот Оци, можат да се видат во специјално климатизирана секција во Музејот на археологија во Јужен Тирол, кој привлекува 260.000 туристи секоја година од целиот свет. Научниците, и по 25 години, постојано учат нови работи за Оци, со помош на новите технологии.